Тренерот на Милан, Масимилиано Алегри, по големата победа од 3:0 над Интер во рамките на 31-то коло од италијанската Серија А, посебни пофалби испрати до Александре Пато и Кларенс Сидорф...
„Тоа не беше натпревар со кој се освои „скудетото“ иако ни донесе голем напредок на табелата. По неколкуте последни ндели овој успех би можел да донесе психолошки пресврт во целиот тим.“ - изјави Алегри по големото градско дерби.
„Росонерите“ сега се наоѓаат на големи пет бода пред Интер на седум кола пред крајот на шампионатот. Од друга страна, победата воедно беше и прва за „миланезите“ во трите последни кола по ремијата со Бари (1:1) и поразот од Палермо (0:1).
„Во првото полуврме бевме преспори, но во второто бевме многу подобри. Мислам дека на крајот победата е повеќе од заслужена и целиот тим заврши одлична работа.“
„Пато одигра фантастичен натпревар и беше многу добар во напаѓањето на централните дефанзивци на Интер. И изведбата на Сидорф беше извондредна. Го покажа својот квалитет, додека Робињо исто така одигра добар натпревар иако не искористи неколку добри шанси.“ - заклучи Алегри.
No comments:
Post a Comment