
Тренерот на Милан Масимилиано Алегри по победата со 2:1 против Фиорентина сподели дека „црвено-црните“ направија уште еден чекор кон титулата во Серија А.
„Направивме многу шанси да победиме и кога е така, порано или подоцна ризикуваш да примиш гол. „Виолетовите“ одиграа многу добро, особено во десното крило, каде што ни создадоа некои проблеми. Ова беше голема победа.“ - рече Алегре.
„Продолжуваме да го имаме истиот аванс на врвот, имаме предност во директните дуел, уште еден натпревар мина и претпоставувам дека сме еден чекор поблиску до Скудетото. Сега нашиот пристап треба да биде натпревар за натпревар и на крајот ќе видиме што ќе се случи.“ - рече тренерот на „росонерите“.
Алегри ги потврди зборовите на шведскиот напаѓач на тимот Златан Ибрахимовиќ, кој рече по натпреварот, дека се испцувал себе, а не страничниот судија во ситуацијата кога доби црвен картон:
„Зборував со Ибра и тој ми рече дека е си зборувал сам со себе, а не со судијата.“
No comments:
Post a Comment