
Шведскиот напаѓач на Милан Златан Ибрахимовиќ, кој повторно доби црвен картон, овој пат во победата од 2:1 против Фиорентина на „Артемио Франки“, изјави по завршувањето на натпреварот, дека бил лут на себе, а не на страничниот судија.
Ибра беше исклучен од главниот судија Емилио Морганти поради пцовка која изгледаше дека е испратена до помошник-судијата.
„ Ја изгубив топката и бев лут на себе, не на асистент-судијата. Зборував сам на себе.“ - инсистираше Ибрахимовиќ, како прецизира дека прво опцувал на италијански, а потоа и на словенски.
„Не протестирав за црвен картон, бидејќи немаше што да се каже, судијата и онака веќе беше зел своја одлука. Моите соиграчи имаат причина да ми се лути бидејќи токму кога Фиорентина не притискаше, сигурно не беше вистинскиот момент да добијам црвен картон.“ - продолжи скандалозната ѕвезда.
„Жал ми е, но во денешно време се чини дека дури и не можеш да си зборуваш на себе без да се вовлечеш во проблеми. Ќе направам сè што е во наша моќ.“ - рече Ибра.
No comments:
Post a Comment