Пред околу 80.000 фанови на Сан Сиро, тимот на Милан со 4-1 го декласираше Каљари во натпревар од претпоследното, 37 коло во Серија А.
Дуелот беше предвестије на грандиозниот празник во Милано со кој им се додели 18. титула на росоњерите, а после натпреварот црвено-црните го добија и пехарот за заслуженото прво место.
Доброто расположение ги мотивираше фудбалерите на Алегри, кои стигнаа до три погодоци пред паузата, Робињо постигна два, а третиот беше дело на Џенаро Гатузо, пред Косу да намали во 37. минута.
Кларенс Сидорф во второто полувреме ги постави конечните 4-1 на натпреварот во 77. минута по втората асистенција на Пато, кој во текот на првиот дел пропушти неколку извонредни прилики за погодок.
Тифозите на Милан направија фантастична кореографија пред натпреварот во знак на 18. титула за клубот. Росоњерите на коло до крајот имаат 81 поени и се недостижни на првата позиција.

No comments:
Post a Comment