Saturday, May 21, 2011

Гансо доаѓа во Милан во јануари 2012


Гансо доаѓа во Милан во јануари 2012
Како што пренесува италијанскиот спортски дневник „Кориере дело Спорт“, претставниците на играч од од средниот ред на Сантос, Пауло Енрике - Гансо, и шефовите на Милан успеале да постигнат договор за трансфер на младиот фудбалер во Милано.

По состанокот на агентите на младата бразилска ѕвезда и потпретседателот на „росонерите“ Адриано Галијани е наведено дека миланскиот тим на Сантос веднаш ќе му исплати 45% од правата на бразилскиот репрезентативец кој е во сопственост на клубот и на група приватни инвеститори.

Сепак, фудбалски фанови на миланскиот гигант не можат одма да се радуваат на овој трансфер бидејќи истиот нема да се реализира во блиско идно време.

Имено, играчот за врска се договорил дресот на Милан да го облече во текот на јануари 2012-та година, а не ова лето, бидејќи такви биле барањата на неговите сопственици.

No comments:

Post a Comment