Monday, May 23, 2011

Фонсека: Хулк има огромна желба да заигра за Милан


Фонсека: Хулк има огромна желба да заигра за Милан
Судејќи според зборовите на агентот на напаѓачот на Порто, Хулк, играчот на португалскиот тим има огромна желба да се пресели во редовите на новиот шампион на Италија, Милан.

Хулк неодамна го продолжи својот договор со шампионот во Лигата на Европа, кој сега му истекува во 2016-та година, но и покрај тоа, неговиот менаџер Теодор Фонсека, потврдил дека Хулк сериозно размислува за Милан.

Хулк сонува да игра за Милан. Досега сме немале контакт со „росонерите“, но тие се заинтересирани уште од минатата година.“ - изјави Фонсека.

Потпретседателот на „миланезите“, Адриано Галијани го потврди интересот во повеќе ситуации и нагласи дека ќе го доведе Хулк, но само ако се создадат реални услови за тоа.

Сепак, прболем би можела да претставува неговата отштетна клаузула, која според договорот, сега изнесува 100 милиони евра.

No comments:

Post a Comment