
Играчот за врска на Милан, Кевин-Принц Боатенг стана 100% во сопственост на „росонерите“, објави пред „Кориере дело Спорт“ потпретседателот на клубот Адријано Галијани.
Ганскиот репрезентативец се приклучи на тимот од „Сан Сиро“ во месец Август, а Милан го зеде под наем од тимот на Џенова. Пред тоа Принц го носеше дресот на англискиот Портсмут.
До овој момент Ганецот се водеше во сопственост и на "росонерите", и на „грифоните“. Седемкратниот европски првак, меѓутоа, се разбра со своите колеги од Џенова и билатералната положба за играчот за врска веќе заврши.
Во оваа фаза во шампионатот во Серија А, Боатенг има 23 натпревари за Милан, во кој постигнал 3 гола. „Црвено-црните“ се лидери на табелата, и се на чекор од својата 18-та титула во Италија.
No comments:
Post a Comment