
Според медиумите во Италија оваа одлука на судот и енормната казна може да предизвика големи промени во Милан, односно дека Берлускони е подготвен да го продаде поголемиот дел од акциите на клубот и тоа на рускиот тајкун и сопственик на „Гаспром“, Сергеј Кипријанов.Ова не е прв случај медиумите да известваат дека Берлускони е спремен да го продаде Милан, исти вакви информации медиумите пласираа и минатото лето и во 2009 година, но симптоматично е што сега нема демант ниту од италијанскиот премиер, ниту од руската компанија.Весникот „Ла Република“ пишува дека дури и самиот Берлускони им признал на своите блиски пријатели дека е спремен да го продаде Милан, чии сопственик е цели 25 години, и додава дека рускиот тајкун е силно заинтерсиран за купување на клубот во кој е спремен да вложи додатни 250 милиони во играчки кадар.„Сега кога екипата стана шампион јас можам да продадаам дел од акциите во Милан бидеќи тоа го прави клубот уште по атрактивен за купување.Јас и понатака ќе останам почесен претседател на Милан но рускиот тајкун може да биде сопственик на 51% од мојот клуб“, наводно им рекол Берлускони на своите пријатели.Вториот човек на Милан, Адриано Галијани за медиумите изјави дека таквата казна е луда и потврди дека утре ќе има состанок со претседателот Берлускони на стартот на подготовките на екипата, каде ќе биде утврдено како ќе се дејствува на трансфер пазарот и дали ќе има промена на планот да се донеси една супер ѕвезда во тимот.
No comments:
Post a Comment