Tuesday, July 12, 2011

Потврдено: Милан го ангажираше Рикардо Фереира од Порто

Потврдено: Милан го ангажираше Рикардо Фереира од Порто
18-годишниот Фереира е стандарден член на селекцијата на Португалија до 19 години и важи за еден од најталентираните дефанзивци на негова возраст. Поради големиот интерес од многу гиганти ширум Европа, тој одби да потпише професионален договор со Порто и одбра кариерата да ја продолжи на Сан Сиро, каде доаѓа како слободен играч.

Младиот Рикардо Фереира веднаш се приклучил на подготовките на првиот тим, а тренерот Масимилијано Алгери во следниве неколку недели ќе реши дали талентираниот дефанзивец во текот на следната сезона ќе остане со првиот тим или ќе настапува со младиниските категории на ’росонерите’.

No comments:

Post a Comment