Звучи поразувачки, но шведскиот фудбалски репрезентативец Златан Ибрахимовиќ во нокаут фазата од Лигата на Шампионите има постигнато само 3 погодоци на 21 одигран меч.
Сите тие погодоци ги постигна минатата сезона во дресот на Барселона, што може да се признае и дека не е толку тешко.
Неговиот пад во играта укажува дека едноставно не му оди на решавачките дуели во Европа, иако по заминувањето од Ајакс во 2004-та година играше за најдобрите клубови на „Стариот Континент“. односно за оние кои имаат големи амбиции во големото европско натпреварување.
Со Јувентус во две години стигна до четвртфиналето и осминафиналето но не постигна ниту еден погодок. Подоцна се пресели во Интер каде имаше исто така три „сушни“ години во Лигата на Шампионите, со Барселона стигна најдалеку до полуфиналето, а во Милан и не го очекува светла иднина оваа сезона во Европа.
За разлика од европските турнири, во домашните шампионати е смртоносен за противниците бидејќи неворојатно звучи податокот дека во поголемиот дел од својата кариера ги освојувал титулите во домашниот шампионат. Тој практично не знае како е да се биде втор.
„Не игравме добро и ќе ни биде тешко на реваншот во Лондон. Ни недостасуваше поголема храброст во првиот дел.“
„По натпреварот во соблекувалната беше многу тивко. Меѓутоа, во клубот уверуваат дека овој тим врвот ќе го достигне за неколку сезони и се надевам дека ќе биде така." - изјави Ибра по поразот од Тотенхем.

No comments:
Post a Comment