Европската фудбалска федерација УЕФА покрена истрага против играчот на италијанскиот фудбалски гигант Милан, Џенаро Гатузо.
Имено, фудбалерот на „росонерите“ по завршувањето на натпреварот од Лигата на Шампионите против Тотенхем тргна да се пресмета со помошниот тренер на тимот од Лондон, Џо Џордан.
„Не смеев така да реагирам. Ја загубив контролата и за моето однесување нема оправдување. Се извинувам и ја преземам одговорноста за тоа што го направив.“ - изјави италијанецот.
Но, како што информираат италијанските спортски медиуми, и покрај извинувањето од негова страна, Гатузо сепак има големи шанси да добие казна.
Комисијата при Европската куќа на фудбалот во текот на наредниот период ќе ја разгледа целата ситуација и би можела да се одлучи за парична казна а можеби и за санкција од неколку натпревари.

No comments:
Post a Comment