Sunday, February 13, 2011
Касано: Никој не може да не спречи
Антонио Касано, играчот кој го засили Милан во текот на јануарскиот преоден рок, во победата од 4:0 над Парма во 25-то коло од италијанскиот шампионат, успеа да го запише својот првенец за „росонерите“ и четвртата и петтата асистенција за своите нови соиграчи.
Италијанскиот фудбалски репрезентативец одигра фантастичен натпревар, но пофалбите за својата изведба ги подели со целиот тим:
„Без разлика на тоа дали сум постигнал погодок или не, најважно од се е дека Милан победи, и тоа со навистина одличен резултат кој значи нешто.“
„Можеше да се забележи дека на теренот излеговме одлучи да го совладаме противникот и успеавме во нашата намера.“
„Доколку продолжиме со ваквите игри, а јас не се ни сомневам во оа, никој нема да може да не спречи, барем не во Италија.“ - изјави Касано.
Subscribe to:
Post Comments (Atom)

No comments:
Post a Comment