
„Игравме добро и одигравме убав натпревар. Многу сум среќен, бидејќи двата гола му помогнаа на Милан да победи на толку убедлив начин во натпреварот.“ - изјави Робињо, стрелец на два гола во мечот со Парма.
На овој начин Бразилецот се искачи на табелата во голгетери, откако веќе има 9 гола од почетокот на сезоната - со 4 помалку од Златан Ибрахимовиќ, кој се запиша 13 пати досега.
Сега Милан треба да гледа напред кон дуелот со Тотенхем од Лигата на Шампионите во вторник.
„Силен тим е Тотенхем.“ - одговара Робињо.
„Но ние треба да победиме се. Не треба да ги гледаме другите тимови. Мислите ни се насочени кон целосно да се презентираме на ниво и да ја одработиме добро својата работа. И јас верувам дека можеме да го освоиме Скудето.“ - заврши Робињо
No comments:
Post a Comment