Wednesday, March 2, 2011

Пато: Јас немам соиграчи на теренот, туку браќа

Фудбалерите на Милан успеаа да го совладаат Наполи со 3:0 во дербито од 27-то коло од најсилната италијанската фудбалска лига - Серија А.

Со тоа, нивната предност на врвот од табелата и понатаму е прилично изразена во однос на најголемите конкуренти. „Росонерите“ имаат пет бода повеќе од Интер, односно шест во однос на Наполи.

И покрај тоа што инвазијата на „миланезите“ кон противничкиот гол тргна по контроверзно досудениот пенал во 49-та минута, мора да се признае дека бразилецот Пато одигра фантастично второ полувреме. Во него изнуди пенал, му асистираше на Боатенг, а потоаи самиот поентираше за конечни 3:0.

Победата е убава, но ниту една секунда не размислуваме за титулата. Сите мисли се насочени кон Торино и наредниот саботен дуел против Јувентус.“ - изјави Пато и додаде:

Навистина е одлично да се игра во составот на Милан каде има многу вистински фудбалски шампиони. Уживам, бидејќи тие не се мои соиграчи, туку тие ми се како браќа.“

Вечерва одигравме одличен натпревар, посебно во вториот дел, и ова е само продолжение на нашата феноменална сезона.“ - заклучи бразилецот.

Превземено од "sportdenes.com"

 

No comments:

Post a Comment