Thursday, March 10, 2011

Алегри: Сторивме се што можевме, ни недостасуваше само погодок


Масимилиано Алегри е задоволен од играта на Милан на Вајт Харт Лејн и жали што Росоњерите се елиминирани од Лигата на Шампионите
По поразот на Сан Сиро од 1-0, Росоњерите отпатуваа во Лондон знаејќи дека им е потребна победа за пласман во следната рунда од Лигата на Шампионите.
Милан одиграа добар натпревар на Вајт Харт Лејн, креираше неколку шанси но мрежата на Тотенхем остана незатресена па гостите од Италија мораа да се помират со елиминација во 1/8 – финалето.

По крајот на средбата Масимилиано Алегри истакна дека е задоволен од начинот на кој неговите избраници одиграле против Спарс и чувствува дека Милан требал да се пласира во четврт-финалето доколку во предвид се земат двата натпревари.

“Вечерва ни недостасуваше само погодок.” – рече тренерот на Милан. “Тимот покажа добри перформанси на тешко гостување.”

“Момците сторија се што можеа. Повеќе од ова, Милан не можеше да прикаже вечерва. Сите работеа напорно, вклучувајќи го и Ибрахимович.”

“Жал ми е за фановите, но го дадовме максимумот.”

“Елиминирани сме само поради една грешка на првиот натпревар. Мислам дека ако се земат во предвид двата натпревари, заслуживме да се пласираме во следната фаза.”


Превземено од "24fudbal.com.mk"

No comments:

Post a Comment