![]() | |
| Според пишувањата на Corriere dello Sport Милан летоска би можел да направи нов голем трансфер и да го ангажира Аријен Робен од Баерн Минхен | |
| Римскиот весник објави дека Аријен Робен е подготвен да ја напушти Алианц Арена по крајот на сезоната доколку Баерн Минхен не обезбеди место кое ќе му донесе настап во Лигата на Шампионите. Corriere dello Sport додава дека желба на Робен е преселба во Милан, каде што веќе настапува неговиот добар пријател Ван Бомел. Ван Бомел ќе треба да биде посредник во целата зделка и се шпекулира дека Робен побарал од својот сонародник да ја убеди управата на Милан да направи напор за комплетирање на трансферот. Ваквиот трансфер индиректно го бара и Ибра кој сака нова ѕвезда во тимот за Милан да има поголеми шанси за триумф во Лигата на Шампионите. Сепак останува да се види дали Баерн Минхен ќе се сложи на продажба на Робен, кој е голема ѕвезда на Алианц Арената и еден од клучните фудбалери во составот на Ван Гал. Додатно трансферот воопшто нема да биде ефтин откако Баварците во 2009 платија околу 25 милиони евра за ангажман на холандскиот интернационалец. Превземено од "24fudbal.com.mk" | |
Friday, March 11, 2011
Милан се поврзува со ангажман на Аријен Робен
Subscribe to:
Post Comments (Atom)

No comments:
Post a Comment